Втора аудиција на Скопје Госпел Хор за 2015-та!

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Втората аудиција на Скопје Госпел Хорот за оваа година ќе се одржи во Сабота, на 24ти Октомври, од 19 часот во студиото на Центарот за Поттик на Креативни Потфати, во Карпош 4 (позади пекарата Специјал, кај Стара Телевизија).

Аудицијата ќе се состои од стандардна проверка за утврдување на гласовниот дијапазон (распон), и пеење песна по слободен избор.

Адресата на нашето студио е:

ул. Никола Парапунов бр. 41,
1000 Скопје,
Република Македонија

Еве и мапа за полесно да не најдете:

http://bit.do/HorMapa

Кога ќе бидете во близина, барајте не на некој од овие броеви:

077 828 197
077 828 198
070 878 888

Сите што се немаат пријавено за аудиција, може да се пријават овде:

http://bit.ly/SGCaudicija

Се гледаме на аудиција! :)
Скопје Госпел Хор